Првата дама на Америка на својот официјален профил на Инстаграм сподели празнична фотографија и тоа селфи.

Таа позираше во опуштено празнично издание, а ги искористи и благодатите на една апликација со која додаде капа од Дедо Мраз и блескави ирваси. Со фотографијата веднаш собра стотици илјади лајкови, а под неа им го честиташе Божиќ на обожавателите. За разлика од неа нејзиниот сопруг, Доналд Трамп, на својот Твитер објави видео со кое им го честиташе Божиќ, а покрај фантастично украсената Бела куќа се гледа и насмеаната Меланија која седи до него во фустан од раскошна тантела во црвена боја.

 

barate

 


Booking.com